Дејан Манасков, на последниот натпревар што го одиграл за Веспрем, заработил тешка повреда на коленото. Поради оваа повреда, Манасков, ќе го пропушти Европското првенство, кое на програмата е на почетокот на 2022 година.
Манасков ги скинал лигаментите во коленото. Тој ќе мора да биде опериран, а рехабилитацијата од ваквата повреда трае од шест до девет месеци.

