19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНАСА тргнува во одбрана на планетата: Вежбата за спасување на планетата ќе...

НАСА тргнува во одбрана на планетата: Вежбата за спасување на планетата ќе започне наскоро, имаат специјално оружје

Американската вселенска агенција НАСА планира да ја тестира својата технологија врз астероиди, што ќе претставува тест за спасување на Земјата од можно уништување при судир со други небесни тела.

Програмата, наречена DART (Double Asteroid Redirection Test),, ќе започне на 23 ноември со лансирање на ракетата „SpaceX Falcon 9“ од вселенската база Ванденберг во Калифорнија, пренесува Си -ен -ен.

По лансирањето во ноември, НАСА ќе ја тестира својата технологија за отклонување на астероиди во септември 2022 година за да утврди како тоа влијае на движењето на астероидите во близина на Земјата во вселената.

Целта на леталото DART ќе биде да го сврти астероидот Диморфос со средна големина, кој орбитира околу многу поголемиот астероид Дидимос, а ова ќе биде прва целосна демонстрација на овој вид технологија за одбрана на планетата.

Диморфос беше избран за оваа мисија бидејќи неговата големина одговара на онаа на астероидите што би можеле да претставуваат закана за Земјата.

Судирот треба да има само мал ефект врз астероидот, но доволно за да ја смени траекторијата што води кон Земјата, а три години подоцна мисијата Хера, планирана од Европската вселенска агенција ЕСА, ќе ги изврши потребните анализи и мерења за да утврди дали тестот е успешно изведен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП