26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„AB InBev“ размислува за продажба на некои од своите германски пива

„AB InBev“ размислува за продажба на некои од своите германски пива

Главниот извршен директор на најголемата пиварница во светот „Anheuser-Busch InBev“, Мишел Дукерис размислува да продаде некои од неговите германски марки на пиво, кои ги поседува со децении, со цел да се раздели со своите помалку профитабилни бизниси и да ги ограничи долговите.

Компанијата ја истражува продажбата на брендовите „Franziskaner Weissbier“, „Hasseroeder“ и „Spaten“, а портфолиото би можело да достигне 1 милијарда евра, велат извори запознаени со предметот, кои побараа анонимност поради доверливоста на информациите.

Разделбата од страна на најголемиот производител на пиво во Европа ќе сигнализира дека Дукерис, кој ја извршува оваа функција три месеци, ги засилува напорите да се фокусира на бизнисот во услови на побарувачка за понови пијалоци, како што се алкохолните газирани пијалоци (радлери). Намалувањето на присуството на „Budweiser“ на германскиот пазар за пиво, исто така, ќе помогне да се намали долгот, акумулиран преку серија аквизиции на претходникот на Дукерис, Карлос Брито, вклучувајќи го и купувањето на британската пиварница „SABMiller“ за 100 милијарди долари во 2016-та година.

Вработените во „AB InBev“ во Германија бројат 2.000 луѓе, пазар формиран од илјадници мали регионални брендови кои се борат за удел на пазарот. Компанијата, која исто така е сопственик на пиварницата „Beck’s“ во Бремен, верува дека германските марки се многу помалку преносливи од поголемите брендови како што е белгиската „Stella Artois“.

Иако Германија произведува околу една четвртина од сите пива на континентот, таа извезува помалку од пијалокот од Холандија и Белгија, покажуваат податоците на Европската комисија.

Дукерис неодамна рече дека претстои „голема револуција“ во индустријата за алкохол, при што повеќе од 60 проценти од растот доаѓа од пијалоци надвор од пивото. Тој сака да го заштити „AB InBev“ од стагнација во производството на пиво, фокусирајќи се на понови коктели во лименки на „Cutwater Spirits“, вино во лименки, платформите за е-трговија и брендовите за енергетски пијалоци.

Најголемата пивара во светот работи со советник додека ги истражува своите способности, велат изворите. Дискусиите се во тек и не е сигурно дали „AB InBev“ ќе одлучи да продолжи да ги продава германските брендови, додаваат тие.

„Ние постојано ги оценуваме нашите опции за оптимизирање на нашиот бизнис и стимулирање на растот“, рече портпаролот на компанијата во изјава преку електронска пошта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП