27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Honda“ го откри новиот „Civic Type R“

„Honda“ го откри новиот „Civic Type R“

„Honda“ ги објави првите фотографии од новата генерација на „Civic Type R“ и откри дека премиерата на овој модел ќе се случи следната година.

Инженерите моментално го тестираат автомобилот на Нирбургринг, а презентираниот прототип е покриен со камуфлажа. Сепак, може да се види дека промените во дизајнот ќе бидат еволутивни и спортската верзија нема значително да се разликува од стандардниот модел.

Сегашниот „Honda Civic Type R“ (FK8) се произведува од 2017-та година. Хечбекот е придвижуван од 2.0-литарски 4-цилиндричен бензински турбо мотор кој развива 320 ks и 400 Nm. Тракцијата се пренесува на предните тркала со 6-брзински мануелен менувач, а „Honda“ веќе најави дека овој погон ќе остане. Според Јапонците, додавањето на систем 4х4 ќе ја зголеми тежината, што ќе предизвика други проблеми, вклучително и сериозен пораст на цената на моделот.

Се очекува новиот „Civic Type R“ да го задржи својот мотор, но малку да ја зголеми моќноста. Гласините за хибридна единица со два електрични мотори никогаш не се потврдуваат, особено затоа што конкурентите како „Ford“, на пример, ја напуштија идејата. Новиот „Focus RS“ се очекуваше да биде хибрид, но „Ford“ ја отфрли можноста поради економската нецелисходност.

Премиерата на моделот на „Honda“ ќе се случи следната година. Возилото ќе добие изменет ентериер, прилагодена суспензија и диференцијал со зголемено триење. Ова воедно ќе биде и најновиот модел на „Honda“ кој не е електрифициран за Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП