27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛемар и Суарес и пресудија на Барселона – Атлетико го доби дербито

Лемар и Суарес и пресудија на Барселона – Атлетико го доби дербито

Атлетико ја победи Барселона со 2:0, во дербито одиграно во рамките на осмото коло, во Примера. Актуелните шампиони славеа со головите на Тома Лемар и Луис Суарез во 23. и 44.минута. Овие двајца си разменија по една асистенција.

На „Ванда Метрополитано“ се играше по планот на Диего Симеоне. Атлетико им го препушти поседот на гостите, шансите ги бараше од контри, две такви поминаа, благодарени на инспирираниот Жоао Феликс.

Барселона не беше опасна во последната третина, едноставно недостигаше завршното додавање. Каталонците имаа само еден удар кон голот на Облак. Во 60.минута, Облак му фати „жива топка“ на Фелипе Кутињо.

Атлетико покрај двата гола имаше уште две добри шанси во првиот дел, преку Лемар и Суарез, а во второто полувреме не успеа да реализира Жоао Феликс.

Ова е првиот натпревар за Лемар во дресот на Атлетико во кој постигнал гол и забележал асистенција. Суарез, од друга страна, со голот против својот поранешен клуб, успеа да постигна барем гол против 31 екипа против која играл во Ла Лига.

Атлетико со оваа победа дојде до 17 поени и сега е втор на табелата, додека Барселона го запиша првиот пораз во Примера и со 12 поени се наоѓа на деветтото место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП