21 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБолт го надмина Карл Луис

Болт го надмина Карл Луис

Russia Athletics Worlds

Усеин Болт го освои третиот златен медал на СП во Москва и дојде до вкупно осум во својата кариера, а со двете сребрени медали стана најтрофејниот атлетичар во историјата.

Болт го престигна легендарниот Карл Луис благодарејќи на триумфот во штафетата 4×100 метри со тимот на Јамајка кој оствари време од 37,36 секунди.

Јамајканците (Болт, Неста Картер, Крмал Бејли-Кол и Никел Ашмеаде) беа побрзи од тимовите на САД и Канада.

Легендарниот Луис има ист број на медали како и Болт, но Американецот со осумте златни има и по едно сребро и бронза.

Инаку за потсетување најбрзиот човек на планетата во Москва дојде и до титулите на 100 и 200 метри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП