Норвешкиот стратег на клупата на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер доколку се реши вечерва на мечот на Јунајтед на „Олд Трафорд“ против Вилјареал во составот да го вклучи португалскиот ас, Кристијано Роналдо (36) тоа за еден од најдобрите светски фудбалери ќе значи дека ќе стане „Мистер Чемпионс“ – господин Лига на шампиони.
На Роналдо му недостасува уште еден настап за да биде фудбалерот со најмногу настапи во историјата на Лигата на шампионите.

