5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНовите дизајни му помогнаа на „Lego“ да го удвои профитот

Новите дизајни му помогнаа на „Lego“ да го удвои профитот

Производителот на играчки „Lego“ го удвои профитот за првите шест месеци од годината, откако клиентите се собраа во неговите повторно отворени продавници за да купат дизајни од „Војна на Sвездите“, модели на Колосеум и букети со цвеќиња направени од обоени пластични блокови.

Иако делови од глобалната малопродажна индустрија сѐ уште се опоравуваат од пандемијата и проблемите со синџирот на снабдување, „Lego“ вели дека има корист од својата долгогодишна стратегија да го позиционира своето производство близу клучните пазари. Ова заштедува и трошоци и логистички проблеми.

„Некако ова нѐ направи поотпорни бидејќи не треба итно да испраќаме сѐ низ светот“, рече извршниот директор Ниш Кристијансен, додавајќи дека „Lego“ има пет големи погони што ги покриваат Азија, Европа, Северна и Јужна Америка.

Семејната компанија забележа силен раст на продажбата преку Интернет за време на пандемијата, но денес потврди дека ќе продолжи да се потпира на своите физички продавници за да привлече нови клиенти.

„Ако некој се сомневаше дали продавниците сѐ уште ќе имаат смисла по Ковид-19, видовме дека сообраќајот и приходите само се враќаат во продавниците“, рече Кристијансен.

Од „Lego“ тврдат дека ја престигнале индустријата за играчки на сите поголеми пазари во првата половина на 2021-ва година, бидејќи неговото производство не е засегнато од ограничувањата поради Ковид-19, и повеќето од неговите физички продавници се повторно отворени.

Данската компанија „Lego“ очекува да отвори 174 нови продавници ширум светот во оваа година, достигнувајќи вкупно 851 продавница. Минатата година отвори 134 нови продавници. Во првата половина од оваа година, под логото на компанијата работеа 60 објекти.

Меѓу популарните дизајнери во првата половина од годината беа оние за „Војна на Sвездите“ и комплетите „Lego Creator Expert“, во кои беа вклучени букети цвеќиња и модел на Колосеумот во Рим. Тие станаа особено популарни меѓу возрасните затворени дома за време на блокадите.

„Lego“ отвори нова голема продавница во Менхетен, Њујорк, во јуни, каде што клиентите можат да ги искусат новите производи на компанијата и физички и дигитално.

Нов формат на продавници ќе биде претставен во 60 од продавниците на „Lego“ во оваа година.

„Не се работи толку за продажба на производи, туку за прикажување на целиот универзум на „Lego“ на клиентите“, рече Кристијансен.

Иако се соочи со пораст на цените на суровините, „Lego“ повеќе од двојно ја зголеми својата оперативна добивка за првите шест месеци од годината, на 8 милијарди дански круни (1,26 милијарди американски долари) од истиот период од претходната година.

Приходите се зголемија за 46% до 23 милијарди круни, а продажбата преку Интернет на сите платформи скокнаа за 50% од година на година, велат од „Lego“. Компанијата не го открива учеството на приходите од продажба преку Интернет во вкупните приходи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП