Лацио стигна до 3:2 победа во супер-интересното дерби на италијанската престолнина над Рома, во интересен дуел на Маурицио Сари и Жозе Мурињо, во кое првата рунда му припадна на италијанскиот стручњак.
Лацио имаше фантастично отварање на мечот – прво Сергеј Милинковиќ-Савиќ во 10. минута со глава го матираше Руи Патрисио, за во 19. минута, Педро, кој летово пристигна во Лацио токму од Рома, да зголеми на 2:0.

