Француската тенисерка Ализе Корне неодамна ја објави својата автобиографија, во која имаше интересен осврт на светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ, и како тој ѝ помогнал во кариерата на необичен начин.
34-годишниот српски тенисер, слично како неговите вечни ривали Роџер Федерер и Рафаел Надал, посветува огромно внимание на своето физичко здравје и форма, но за разлика од нив, тој практикува и поинакви методи. Корне објаснува една од овие методи.

