29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАОд 2024 година ниеден нов телефон нема да доаѓа со полнач

Од 2024 година ниеден нов телефон нема да доаѓа со полнач

Од 2024 година, производителите на паметни телефони би можеле да бидат принудени да престанат да дистрибуираат полначи со нивните уреди. Тоа е целта на предлог -законот кој ќе наметне единствен стандард за полнење на мали електронски уреди и ќе забрани продажба на мобилни телефони со полначи.

Оваа недела, Европската комисија би можела да претстави предлог-закон кој предвидува воведување универзален полнач за електронски уреди, со што ќе се забрани продажба на уреди во пакет со полначи на територијата на Европската унија.

Овој потег има за цел да ја намали акумулацијата на електронски отпад, најмногу поврзан со производство на нови и отстранување стари неупотребливи уреди, телефони, таблети, слушалки, камери и звучници, пишува TechRadar.

Како заеднички стандард за сите уреди, може да се предложи USB-C, кое веќе беше инсталирано во 2018 година во нешто помалку од една третина од сите паметни телефони продадени во земјите-членки на ЕУ.

Производителите на уреди се противат на таквите напори на Европската унија, кои траат повеќе од 10 години. Најгласниот меѓу нив е Apple, кој заедно со својот iPhone и другите уреди продава свој Lightning конектор.

Европската комисија се надева дека, по јавната расправа и законодавна постапка, новиот закон ќе може да стапи на сила во 2024 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП