Според повеќе италијански медиуми, американската инвестициска компанија „777 партнерс“ формално ги купила мнозинството акции во италијанскиот прволигаш Џенова за 150 милиони евра.
Претседателот на Џенова, Енрико Прециози, подолго време преговараше за продажба на клубот на американската компанија од Мајами, која исто така е малцински сопственик во шпанскиот прволигаш Севилја.

