25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНовиот „Huawei“ сепак пристигнува во октомври

Новиот „Huawei“ сепак пристигнува во октомври

Извештаите од јуни сугерираа дека „Huawei“ повеќе не планира да издава нови премиум телефони, по серијата „P50“ претставена во јули.

Извештаите и гласините сугерираат дека „Huawei“ нема да ја објави вистинската серија „Mate“, сето тоа поради проблемите со санкциите воведени од САД.

Новиот извештај (објавен од експерт од „Display Supply Chain Consultants“) тврди дека премиум моделот од серијата „Mate“ сѐ уште е во план за објавување во текот на четвртиот квартал од оваа година. Давин Наранјо тврди дека „Huawei“ ќе ја претстави серијата „Mate 50“ во текот на октомври.

„Huawei“ веќе најави глобална презентација, која ќе се одржи на 21-ви октомври во Виена, но компанијата не објави кои уреди ќе ги претстави. Најавата за настанот укажува на „P50 Pro“, но новиот извештај го поставува прашањето дали ова сепак може да биде модел од претстојната серија „Mate“, поради малку поинаква испакнатост за камерите одзади.

Засега, нема премногу информации за серијата „Mate“ кога станува збор за дизајнот, но се очекува сличен или подобрен систем на камери во споредба со „Huawei P50“. Способноста да се имплементираат чипови на „Qualcomm“ е исто така во центарот на вниманието, бидејќи „Huawei“ успеа да го испорача стандардниот „P50“ со чип „Snapdragon 888“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП