
Овен (21.03 – 20.04)
РАБОТА: За вас ова е поволен период и нема потреба да се сомневате во тоа. Максимално активирајте се за да ги остварите своите цели.
ЉУБОВ: Ситуацјата ви е стабилна, а вие конечно ќе кажете се што сакате јасно и гласно, партнерот ќе биде изненаден од вашите реакции, позитивно се разбира.
ЗДРАВЈЕ: Поведете сметка за забите и непцата.

Бик (21.04 – 21.05)
РАБОТА: Ќе имате малку поголеми проблеми во комуникацијата со надредените кои веќе не гледаат така благонаклонето на вашите пропусти. Ќе бидете критикувани.
ЉУБОВ: Рамислувате за заедничко патување со саканото лице. Не дозволувајте тоа да биде само фантазија, реализирајте го.
ЗДРАВЈЕ: Одлично

Близнаци (22.05 – 22.06)
РАБОТА: Ќе бидете изненадени колку вашите соработници ќе бидат подготвени да ви помогнат. Ќе добиете навистина високо мислење за нив и многу ќе ви биде мило.
ЉУБОВ: Саканото лице јасно ќе ви покаже дека ви е луто и тоа со добра причина.
ЗДРАВЈЕ: Нервозата и стресот ќе ве надвладеат.

Рак (22.06 – 22.07)
РАБОТА: Максимално ќе бидете посветени на некој нов бизнис кој сакате да го започнете сами. Не им обрнувајте внимание на пречките.
ЉУБОВ: Можно е поради нагласени страсти да расипете некое пријателство, а подоцна да се каете поради тоа.
ЗДРАВЈЕ: Ќе ве облева нервоза, па можна е и промена на притисокот.

Лав (23.07 – 22.08)
РАБОТА: : На деловен план помалце или повеќе работите се одвиваат вообичаено, но вие ќе имате чувство на загриженост и лошо претчувство.
ЉУБОВ: Доколку подолго време сте во некоја тајна врска ќе бидете откриени. Обидете се да не се расправате со цел да ги намалите непријатностите.
ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со циркулацијата.

Девица (23.08 – 22.09)
РАБОТА: Обидете се да не влегувате во поголеми ризици во текот на овој период. Внимавајте на што ги трошите парите.
ЉУБОВ: Ќе бидете многу емотивни и ќе имате силна потреба да бидете постојано покрај саканото лице.
ЗДРАВЈЕ: Поведете сметка за репродуктивните органи.

Вага (23.09 – 22.10)
РАБОТА: Ќе имате бројни компликации во комуникацијата на работа. Ве очекуваат бројни недоразбирања со соработниците.
ЉУБОВ: Во вас постојат многу силни емоции кон моменталниот партнер, но не успевате да ги покажете на вистинскиот начин.
ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со низок притисок.

Шкорпија (23.10 – 21.11)
РАБОТА: Ве очекуваат компликации, особено ако се занимавате со приватен бизнис. Можни се некои проблеми кои не сте можеле да ги предвидите.
ЉУБОВ: Многу е важно каков став ќе заземете кон својот партнер од кој зависи речиси се. Ќе бидете конфузни и нервозни.
ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со видот.

Стрелец (22.11 – 21.12)
РАБОТА: Доколку планирате некаков нов проект, тоа најдобро би било да го одложите за крајот на месецот. Нека вашите реакции во работата бидат вешти и брзи.
ЉУБОВ: Без драстични промени на љубовен план. Ќе се појават мали недоразбирања но ќе успеете да ги надминете.
ЗДРАВЈЕ: Можни се компликации со респираторните органи.

Јарец (22.12 – 20.01)
РАБОТА: Ве очекува голем обем на работни задачи, па поради тоа можно е да заглавите на работното место.
ЉУБОВ: Ве очекува фатална љубовна приказна која малку ќе ве растревожи, но без избрзани и претерани реакции се ќе дојде во нормала.
ЗДРАВЈЕ: Не претерувајте со масните намирници.

Водолија (21.01 – 19.02)
РАБОТА: Доминирате во односот со деловните партнери и го кажувате главниот збор. Одлично ви оди, ќе бидете наградени.
ЉУБОВ: Имате големи проблеми со љубомората, бидејќи не умеете да ја контролирате. Не е време за бурни конфликти.
ЗДРАВЈЕ: Внесувајте повеќе витамини и минерали.

Риби (20.02 – 20.03)
РАБОТА: Можно е да бидете принудени да ги решите финансиските проблеми кои ве оптеретувале во минатото.
ЉУБОВ: Не се оптеретувајте со нешто што не е толку важно и вредно за да се нервирате. Нека не ве оптеретуваат ситници.
ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со стомакот и цревата