27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКризата го погоди најпопуларниот автомобил во светот

Кризата го погоди најпопуларниот автомобил во светот

Јапонската компанија „Toyota“ привремено го прекина производството на моделот „Corolla“.

Главната причина е недостатокот на микрочипови, што ја попречува целата автомобилска индустрија, но во овој случај „Toyota“ се соочува со други тешкотии, што ќе го запре производството на најпопуларниот модел во историјата.

Првично, Јапонците имаа намера да продолжат со монтажа на автомобилот со инсталирање на друг мултимедијален систем. Сепак, излегува дека ситуацијата се влошила, па главната фабрика на „Toyota“ во Индајатуба ќе мора да се затвори.

Компанијата веќе објави дека глобалното производство за октомври ќе се намали за околу 40%. Ова се должи на проблемите со снабдувањето во Југоисточна Азија, не само за микрочиповите, туку и за други основни делови и опрема.

„Toyota“ сѐ уште се надева дека ситуацијата ќе се подобри во ноември, но тоа нема да дозволи производството да стивне. Според експертите, кризата со чипови може да продолжи до крајот на 2022-та година, што ќе предизвика огромни загуби за речиси сите производители.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП