27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕШто може да откриете со самопреглед на телото?

Што може да откриете со самопреглед на телото?

Изгледот на телото може многу работи да ни каже за само неколку минути, па посветете си малку време за своето здравје и добро прегледајте се.

Нокти

Темните дамки на ноктите може да бидат знак за меланом. Дамките или линиите со жолтеникава, смеѓа или црна боја, се знак да го посетите вашиот доктор што е можно побрзо. Раното откривање на ракот на кожа може да се излечи во 95 проценти од случаите.

Белите, долги и тенки линии на ноктите, може да се знак за лоша работа на бубрезите, односно дека тие не можат да ги филтрираат протеините од урината. За да се осигурате дека се е во ред, посетете го вашиот доктор.

Пазуви

Докторот Мајкл Смит вели дека темните дамки на кожата под пазувите може да укажуваат на дијабетес. Вишокот на инсулин во крвта може да доведе до акумулација на ткивото и меланинот. Анализата на крв може да открие дали се е во ред.

Очен капак, колена и лакти

Ситните мозолчиња на овие делови од телото може да се знак за покачен холестерол. За жал, во оваа фаза тоа значи дека холестеролот е многу висок, но со промена на исхраната и начинот на живот можете да ги ублажите симптомите и да го намалите ризикот од болести на срцето.

Темето на главата

Ако на рамената забележувате бели траги како првут, можно е да сте под стрес, па вашето тело произведува повеќе кортизол. Тој може да ја исуши кожата на главата и поради тоа се јавува првут. Шампоните против првут може да помогнат, но најдобро е да се ослободите од стресот.

Очи

Темните кругови околу очите, освен што укажуваат на замор и ненаспаност, може да укажат и на некаква алергија. Алергените во телото испуштаат хистамин, а тоа најдобро се гледа на местата каде имаме најтенка кожа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП