Дебаклот на Барселона во дуелот со Баерн Минхен, се уште е тема во фудбалските кругови. Баерн, во вторникот, без напор победија на „Ноу Камп“ со 3:0.
Пред натпреварот, поранешниот претседател на Баерн, Ули Хенес, го провоцираше противникот со зборовите дека, во Германија, Барселона би била во стечај.

