2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМожна повторна соработка на Маскерано и Бенитез

Можна повторна соработка на Маскерано и Бенитез

Rafael+Benitez

Аргентинскиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Хавиер Маскерано не можеше да даде конкретен одговор на прашањето дали за време на летниот преоден рок ќе го реализира најавениот трансфер во редовите на италијанскиот калчолигаш Наполи.

„Дали ќе се преселам во редовите на Наполи? Јас можам да кажам само дека многу го почитувам новиот тренер на Наполи, Рафа Бенитез. Често разговараме, постојано сме во контакт и тоа на дневна база. Ми помогна да бидам подобар фудбалер. Дали е можно повторно да соработуваме? Ми се допаѓа италијанската Серија А, но во овој момент, јас сум фудбалер на Барселона”, изјави централниот дефанзивец на каталонците.

Инаку за потсетување Маскерано и Бентитез соработуваа заедно од 2007-та до 2010-та година во Ливерпул. Оваа соработка очигледно остави позитивен впечаток на двајцата, па ова лето постои можност таа да се обнови. Сепак оставнува да се види како ќе реагираат на ова раководните лица на двата клуба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП