5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонија назадуваше на ФИФА листата

Македонија назадуваше на ФИФА листата

ФИФА ја објави најновата ранг листа на најдобрите светски селекции. Во однос на последното рангирање, фудбалската репрезентација на Македонија назадуваше за две места. На листата, Македонија се наоѓа на 74.место.

Трите нерешени резултати, против Ерменија, Исланд и Романија во квалификациите за пласман на Светското првенство, придонесоа за падот на Македонија на листата.

Најдобро рангирана селекција во групата во која е и Македонија е Германија. Германците напредуваа на листата и сега се на 14.место, следуваат Романија (42), Исланд (60), Ерменија (89) и Лехтенштајн (188).

Во Топ 10, најголемата промена е пласманот на Франција. Фрунцузите од второто паднаа на четвртото место. Пред нив се Белгија, Бразил и Англија. Во Топ 10 се и Италија, Аргентина, Португалија, Шпанија, Мексико и Данска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП