Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Пари Сен-Жермен, Ливерпул, Челси… И уште еден куп клубови кои во своите редови го сакаат Норвежанецот Ерлинг Халанд, кој денеска постави уште еден рекорд во Лигата на шампионите и покажа зошто ќе биде најпосакуваниот фудбалер во следниот летен преоден рок.
Халанд, кој да потсетиме има само 21 година, има постигнато 21 гол во 17 мечеви во елитното клупско натпреварување, со што е најмладиот кој стигнал до оваа цел.

