4 мај, 2025
ПочетнаКОМПАНИИ„Екстра Меин“ е најуспешна компанија за 2012 година во Куманово

„Екстра Меин“ е најуспешна компанија за 2012 година во Куманово

kumanovo

Фирмата „Екстра Меин“ е најуспешна компанија за 2012 година во Куманово.Оваа фирма освои најголем број гласови на електронското гласање што го организираа одделението за локален економски развој и за информатичка технологија од општина Куманово.

За оваа фирма гласаа 470 кумановци, второрангирана е фирмата „Мега“, додека приватната високообразовна институција „Еуро Колеџ“ е треторангирана.

Градоначалникот на општина Куманово на вчерашната свеченост им подели плакети на најуспешните комании за 2012-тата година.

– На гласањето учествуваа преку 3.500 кумановци кои можеа да одбеарт за која фирма ќе гласаат. Фирмите беа поделени според дејноста со која се занимаваат, вели Андријана Вукановска Цветковска од одделението за информатичка технологија од општина Куманово.

Гласањето за најуспешната компанија беше дел од проектот кој опфати издавање каталог, избор на најуспешна фирма и промоција на бизнис заедницата од општината.

Општината го промовираше и каталогот „Топ 101 компанија“

– Фирмите кои се опфатени во каталогот мора да имаат најмалку десет вработени лица, да бидат извозно ориентирани и да се препознатливи на локалниот пазар, вели Зоран Павловски од секторот за администрирање на приходи и стратешко планирање при општина Куманово.

Каталогот со 101 најуспешна фирма, локалната администрација веќе гопромовира и при посетите на збратимените градови и при посетата на домашните и странските делегации на Куманово.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП