28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРома со гол во 92 минута се искачи на врвот во Серија...

Рома со гол во 92 минута се искачи на врвот во Серија А

Екипата на Рома успеа да го продолжи победничкиот низ во новата сезона во Серија А. Предмалку избраниците на Жозе Мурињо (вечерва по 1.000-ти пат води една екипа во својата богата кариера) победија со 2-1 на „Олимпико“ против екипата на Сасуоло и со новите три бода се искачија на врвот на табелата.

Двајцата голмани, Руи Патрисио кај Рома, односно гостинскиот Консилји имаа по неколку успешни интервенции.

„Волчицата“ поведе на мечот, Кристанте во 37 минута ја затресе противничката мрежа.

Сепак, израмнувањето стигна во 57 минута, преку Ѓуричиќ.

Оттогаш гостите од Реџо Калабрија имаа на моменти и повеќе од играта, а во 87 минута Траоре ја погоди стативата на домашниот гол.

Казната стигна во 92 минута.

Ел Шарави по додавање на Шомуродов од работ на шеснаесетникот бие неодбранливо за голема радост на стадионот во Рим.

Со 9 бода по 3 кола и со гол разлика 9-2 Рома е на врвот на Серија А, следуваат, Милан и Наполи со послаб гол-ефект.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП