29 март, 2024
ПочетнаНЕДЕЛЕН ХОРОСКОПНеделен хороскоп 13.09.2021 до 20.09.2021

Неделен хороскоп 13.09.2021 до 20.09.2021

oven1

Овен (21.03 – 20.04)

РАБОТА: Ќе имате зголемен број на задачи а исти приходи, тоа сигурно ќе ве демотивира, па ќе се обидете малку да скршнете од обврските.

ЉУБОВ: Нови и интересни случувања во љубовното поле. Ќе бидете изненадени но и среќни од нечии постапки.

ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на исхраната, можен е пад на имунолошкиот систем.

bik1

Бик (21.04 – 21.05)

РАБОТА: Работните обврски и нивното извршување ќе се одвива одлично. Ќе се послужите со мали трикови со цел да си олесните, а за тоа нема никој да ви замери.

ЉУБОВ: Одличен период во кој секојдневно ќе ја зацврстувате врската, оние кои не се во врска ќе имаат интересни можности.

ЗДРАВЈЕ: Намалете го стресот.

bliznaci1

Близнаци (22.05 – 22.06)

РАБОТА: Интересен период полн со проекти кои за вас се шанса за нови успеси. Не дозволувајте да ве обесхрабрат големите задачи.

ЉУБОВ: Незавидна ситуација во која ќе имате доста голема дебата со вашиот партнер и која ќе се претвори во кавга.

ЗДРАВЈЕ: Доста добро, но мал одмор не би ви штетел.

rak1

Рак (22.06 – 22.07)

РАБОТА: Пречките кои повремено ве забавуваат не се последица од вашиот претеран ентузијазам и самодоверба, туку едноставно неможност на околината да ги следи вашите идеи.

ЉУБОВ: Добро размислете пред да се впуштите во авантура, бидејќи последиците ќе бидат прилично сериозни.

ЗДРАВЈЕ: Одлично, без проблеми.

lav1

Лав (23.07 – 22.08)

РАБОТА: Тешко дека оваа недела ќе направите некој сензационален резултат на деловен план, па затоа потрошете го времето на нешто конструктивно, како обновување на заборавеното знаење.

ЉУБОВ: Планетети едноставно ве движат напред. Ако не сте во врска, ќе работите интензивно да најдете партнер.

ЗДРАВЈЕ: Проблеми со главоболка.

devica1

Девица (23.08 – 22.09)

РАБОТА: Нештата ќе се реализираат дури на крајот на овој месец, затоа оваа недела поминете ја во проверка на вашите планови со цел да не дојде до грешки и пропусти.

ЉУБОВ: Бидете малку себични и наместо на другите, подарете си љубов самите на себе.

ЗДРАВЈЕ: Можна е настинка и проблеми со варењето.

vaga1

Вага (23.09 – 22.10)

РАБОТА: Некои финансиски аспекти ги сметавте за готови, но сепак се појавува нешто што ќе започне да ви прави проблеми.

ЉУБОВ: Една личност необично ве интересира, па се обидувате да дознаете што повеќе за неа за да бидете сигурни дека ја правите вистинската работа.

ЗДРАВЈЕ: Главоболката и мачнините се последица на стресот.

shkorpija1

Шкорпија (23.10 – 21.11)

РАБОТА: Некои работи на работа ќе ви го отворат умот за работите кои сте ги знаеле, но сте ги занемарувале.

ЉУБОВ: Бидете истрајни во своите замисли и тоа ќе ви донесе решение кое ќе ги задоволи сите вклучени.

ЗДРАВЈЕ: Прилично добро, не се грижете.

strelec1

Стрелец (22.11 – 21.12)

РАБОТА: Работата совршено добро ви оди, парите се таложат во вашиот паричник, а во одлична состојба е и вашата штедна книшка.

ЉУБОВ: Ќе сакате да се однесувате како никој да не е важен освен вас, па затоа можни се компликации со партнерот.

ЗДРАВЈЕ: Посветете и повеќе внимание на здравата исхрана.

jarec1

Јарец (22.12 – 20.01)

РАБОТА: Се наоѓате во тешка ситуација бидејќи самите сте дозволиле да имате преголеми и нереални очекувања. Вложените пари не ги очекувајте веднаш да се вратат.

ЉУБОВ: Повеќе време со партнерот, тоа е она што ви е неопходно, затоа оставете ги нештата настрана и спасете си ја врската.

ЗДРАВЈЕ: Добро

vodolija1

Водолија (21.01 – 19.02)

РАБОТА: Ќе започнете да ги работите нештата кои долго време сте ги држеле на страна. Без оглед колку времето изгледа неповолно, вие ќе верувате во своите потези и ќе чекорите без страв.

ЉУБОВ: Не би било лошо на некоја ситуација да и посветите повеќе време, бидејќи нешто неповолно ви се случува, а вие не забележувате.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со бубрезите.

riba1

Риби (20.02 – 20.03)

РАБОТА: Во деловниот дел од својот живот, мора да бидете особено внимателни со парите, со цел да не дозволите да ви се случи голема дупка во џебот која нема лесно да ја затворите.

ЉУБОВ: Оваа недела ви носи многу пријатни моменти и дополнително емотивно зближување со партнерот.

ЗДРАВЈЕ: Малку повеќе сон и свежо овошје ќе ви ја поврати силата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП