Кристијано Роналдо, не можеше да посака подобар кам-бек на „Олд Трафорд“. Португалецот, постигна два гола во убедливата победа на Манчестер јунајтед над Њукасл (4:1).
„Моето враќање на „Олд Трафорд“ е само потсетник зошто овој стадион е познат како Театар на соништата. За мене ова секогаш било магично место, на кое можете да постигнете се што ќе посакате“, рекол Роналдо.

