Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, останува огорчен на трите преостанати клуба во Европската суперлига, Јувентус, Барселона и Реал Мадрид, велејќи дека би сакал да ги види надвор од УЕФА бидејќи „се обидоа да го убијат фудбалот“.
Чеферин продолжува со војната со трите клуба откако минатата недела го нарече поранешниот претседател на Европската асоцијација на клубовите (ЕЦА) и прв човек на Јувентус, Андреа Ањели (со кого се во кумство) „стар капетан, кој избега од бродот“.

