Поранешната ѕвезда на Баерн Минхен и на германската репрезентација, Џером Боатенг, нема да оди во затвор и покрај тоа што е виновен за напад врз поранешната партнерка и ќе ѝплати отштета од 1,8 милион евра.
Според окружниот суд во Минхен, Боатенг ќе ја плати казната во 60 дневни рати по 30.000 евра, иако обвинителот бараше казна од 1 година затвор и 6 месеци условно за нанесување телесна повреда и навреда. Казната е одредена според приходите на Боатенг, иако максималната сума е 30.000 евра дневно.

