25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАШто се случува со рускиот модул на ISS? Прво пукнатини, а сега...

Што се случува со рускиот модул на ISS? Прво пукнатини, а сега мистериозен чад и мирис на изгорена пластика

Нов мистериозен проблем е регистриран на Меѓународната вселенска станица (ISS) во рускиот дел.

Во текот на ноќта во рускиот модул Звезда на ISS, се огласи аларм, откако екипажот забележал чад и мирис на изгорена пластика, објави НАСА.

Причината за чадот и гореспоменатиот мирис се уште не е утврдена, а екипажот во меѓувреме активирале систем за отстранување на штетните загадувачи на воздухот на ISS.

Подоцна, уредите на ISS покажале присуство на штетни честички во областа на медицинскиот дел од модулот Звезда. Астронаутот Тома Пеши рекол дека мирисот на изгорена пластика или електроника стигнал до американскиот дел од руската зона, благодарение на системот за вентилација.

Членовите на екипажот ги отвориле панелите во областа на рускиот модул каде што бил откриен чадот и ја прегледале областа зад панелите, но не можеле да ја пронајдат причината за чадот.

Во октомври 2020 година, да потсетиме, екипажот на ISS откри пукнатина во преодната комора на модулот Звезда, која ја закрпија во март оваа година. Подоцна беше пријавено откривање на друга пукнатина, која беше успешно закрпена.

Сепак, малите протекувања на воздух, кои не беа оценети како потенцијално опасни за екипажот на станицата, се уште не се елиминирани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП