Новак Ѓоковиќ со мали проблеми успеа да стигне до четврт-финалето на Ју-ес опен. Првиот носител, во дуелот со Џенсон Бруксби, си дозволи да го загуби првиот сет со 6/1, но потоа рутински ги доби преостанатите три со 6/3, 6/2, 6/2.
Во текот на мечот помеѓу најдобриот во светот и талентираниот Американец на кого му предвидуваат блескава иднина, на Твитер се огласи шампионот на Ју-ес опен од 2003 година, Енди Родик.

