Јужноамериканското фудбалско мега-дерби меѓу Бразил и Аргентина е во прекин, откако имаше неверојатни сцени во кои бразилските здравствени власти влегоа на теренот во обид да ги заддржат (и да ги депортираат) четирите аргентински фудбалери кои наводно лажеле за да влезат во земјата.
Во нешто досега незабележано во светскиот фудбал и покрај кризата со КОВИД-19, здравствените власти заедно со полицијата влегоа на теренот за да ги уапсат Серхио Ромеро, Џовани Ло Селсо, Емилијано Буендија и Емилијано Мартинез.

