26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПијалок што го забрзува метаболизмот

Пијалок што го забрзува метаболизмот

На летото му се приближува крајот и есента е идеално време да започнете да пиете чај. Ако не знаете од каде да започнете, зелениот чај е добар избор бидејќи може доста да го забрза вашиот метаболизам. Инаку, метаболичкиот процес е одговорен за претворање на храната и пијалоците што ги консумираме во енергија.

„Пиењето зелен чај навечер, наместо грицкање или наутро наместо кафе со млеко, ќе го намали бројот на внесени калории и исто така ќе ви помогне брзо да ги согорите“, вели нутриционистот Лорен Харис-Пинкус.

„Овој топол пијалок е полн со антиоксиданси и здрави фитохемикалии и може да го забрза метаболизмот“, вели Пинкус. Антиоксидансите што се наоѓаат во зелениот чај се исто така поврзани со намален ризик од кардиоваскуларни заболувања.

Меѓу антиоксидансите во зелениот чај е EGCG, за кој се покажа дека го забрзува метаболизмот. Според едно истражување, тој го интензивира процесот на термогенеза, важен процес на метаболизмот што го загрева телото и согорува калории.

Исто така, докажано е дека ја подобрува оксидацијата на маснотиите и распаѓањето на масните киселини.

Едно истражување, спроведено во Јапонија, покажа дека редовното пиење зелен чај го намалува крвниот притисок, нивото на холестерол, како и процентот на телесни масти.

„Важно е само да не додавате многу шеќер во зелениот чај, бидејќи ги уништува сите придобивки“, заклучува Пинкус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП