27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИУште еден гигант пресече: За вакцинирани бонус, за невакцинирани санкции

Уште еден гигант пресече: За вакцинирани бонус, за невакцинирани санкции

Алјаска Ерлајнс обезбедува стимулација од 200 долари за вработените кои можат да докажат дека се целосно вакцинирани против коронавирусот.

Во соопштението објавено оваа недела, авиокомпанијата со седиште во Сиетл, објави дека вработените кои ќе достават доказ до 15 октомври, ќе бидат наградени со бонус.

Целта на наградата е да се поттикне што е можно повеќе вакцинација меѓу вработените.

Авиокомпанијата исто така одлучи, дека повеќе нема да ги покрива платите за невакцинираните вработени за секое отсуство предизвикано од контакт со вирус или инфекција.

Оние кои не се вакцинирани, исто така, ќе мора да присуствуваат на „програма за едукација за вакцини“, додека „протоколот за тестирање“ ќе биде воведен како „уште еден слој на безбедност“.

Во меѓувреме, секој нов вработен што се придружува на Алјаска Ерлајнс и нејзината подружница Хоризонт Ер, мора целосно да се вакцинира пред да започне со работа, рекоа од авиокомпанијата.

Околу 75% од 20.000 вработени се веќе вакцинирани, според авиокомпанијата, која призна дека има „повеќе работа“ кога станува збор за зголемување на стапката на вакцинација кај работниците.

Овој потег доаѓа, откако Јунајтед Ерлајнс стана првата голема американска авиокомпанија што воведе задолжителна вакцинација на вработените минатиот месец.

Сите информации за коронавирусот може да ги пронајдете во посебен дел на нашата веб-страница на овој линк COVID-19.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП