Надежите дека Турција ќе биде шансата на македонската одбојкарска репрезентација да ја забележи првата победа на Европското првенство во Финска, беа урнати откако доживеавме тежок 3:0 (25:22, 25:12, 25:15) пораз.
Откако го загубивме израмнетиот прв сет, во кој дојдовме на 22:23, потоа следуваше рутинска победа на турската репрезентација, која се покажа пресилна за „Спартанците“.

