3 јули, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕДајте му на вашето тело природна инфузија

Дајте му на вашето тело природна инфузија

Дали сте љубител на домашните сокови? Постојано ги консумирате и се прашувате дали се тие доволно полни со витамини?

Пригответе сок кој ќе биде вистинска инфузија за вашето тело. Вкусен, здрав и го одржува вашето општо здравје на завидно ниво, а воедно можете да го консумирате во неограничени количини.

Што ви е потребно?

– 1 килограм цвекло

– 1 килограм морков

– 1 килограм јаболко

– 500 грама мед

Изрендајте ги сите состојки, ставете ги во еден сад, додадете го медот и промешајте. Смесата оставете ја да отстои 24 часа.

Потоа истиснете го сокот и процедете, можете да употребите најобична цедалка или медицинска газа.

Бидејќи од овој сок можете да пиете неограничено, сега ви останува само да уживате во него.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар