25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Samsung“ најави камера за смартфони од 200 мегапиксели

„Samsung“ најави камера за смартфони од 200 мегапиксели

„Samsung“ најави сензор за фотографии од 200 мегапиксели за паметните телефони, што се очекува да биде најголемиот сензор за камера на телефон што е некогаш направен.

„ISOCELL HP1“ има 0,64μm пиксели и може да прими 16 од нив одеднаш за еквивалент на сензор од 12,5 мегапиксели чија големина на пиксели е 2,56μm.

„Samsung“ ја нарекува технологијата за собирање пиксели „ChameleonCell“ на „HP1“. Поставката четири на четири од 12,5 мегапиксели е наменета за употреба при слаба осветленост, но може да прави и фотографии со резолуција од 200 мегапиксели или да ја користи техниката „binning“ за правење фотографии со подобар квалитет од 50 мегапиксели.

„HP1“, исто така, овозможува сминање на видео записи во 8K. Од „Samsung“ велат дека може да снима 8K без сечење, иако стандардниот 8K (7.680 x 4.320) е помал од 50 мегапиксели.

„Samsung“ воведува и нов сензор наречен „ISOCELL GN5“. Тоа е сензор од 50 мегапиксели со 1.0μm пиксели, а „Samsung“ вели дека е првиот сензор од 1.0μm-пиксели што ја интегрира својата технологија „Dual Pixel Pro“. Во основа звучи како помала верзија на 1,4 μm пиксели „GN2“, кој беше најголемиот сензор за камера на телефонот кога дебитираше на „Xiaomi Mi 11 Ultra“ оваа година.

„Samsung“ не соопшти кога новиот сензор ќе започне со масовно производство, но наводно примероците им се достапни на производителите на телефони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП