Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Артим Шаќири (48) ќе биде новиот кормилар на швајцарски Шафхаузен, објавија од клубот на својот официјален сајт.
Шаќири ќе го заземе местото на ексшвајцарскиот репрезентативец Мурат Јакин, а Шафхаузен ќе биде петтиот клуб во неговата тренерска кариера. Тој претходно беше предводник на тетовска Шкендија, на албанските екипи Кукс и Фљамуртари, но и на тимот на Пемброк од Малта.

