26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНовата прогноза на „Zoom“ ги засени нејзините добри квартални резултати

Новата прогноза на „Zoom“ ги засени нејзините добри квартални резултати

„Zoom Video Communications“ објави квартален приход од 1 милијарда американски долари за прв пат, но сигнализираше побрзо од очекуваното слабеење на побарувачката за нејзината услуга за видео конференции по бумот на пандемијата. Веста доведе до намалување на цената на нејзините акции за 11%, пренесува „Reuters“.

Компанијата проценува дека нејзиниот приход за третиот квартал ќе биде помеѓу 1,015 милијарди долари и 1,020 милијарди долари, во споредба со просечната прогноза на аналитичарите од 1,013 милијарди долари, според „Refinitiv“.

Ова сугерира раст од околу 31,2% во споредба со една година порано, додека во 2020-та година растот беше неколку пати, кога кризата со Ковид-19 го претвори „Zoom“ во нешто вообичаено за секој дом поради фокусот на работа и учење од дома.

„Очекувавме (одложување) кон крајот на годината, но тоа се случи малку побрзо отколку што очекувавме“, рече главниот финансиски директор Кели Стекелберг.

Оваа година, „Zoom“ е под притисок бидејќи вакцинациите ги охрабруваат училиштата да се отворат, а повеќе компании ги враќаат вработените во нивните канцеларии.

Конкуренцијата од платформи како „Webex“ на „Cisco“ и „Teams“ на „Microsoft“, исто така, ги поткопа напорите за добивање поголеми договори со бизнисите.

Од „Zoom“ велат дека очекуваат приходи од клиенти со 10 или помалку вработени. Оваа група вклучува главно мали и средни компании кои плаќаат месечни надоместоци.

Компанијата предвидува прилагодена квартална заработка помеѓу 1,07 и 1,08 долари по акција, во споредба со очекуваните 1,09 долари по акција.

Аналитичарите велат дека компанијата ќе се обиде да се справи со забавувањето почнувајќи агресивно да троши за нејзино проширување, да ја подобри својата платформа и „Zoom Phone“ -производ базиран на облак за деловни повици.

„Zoom“ неодамна објави дека го купува развивачот на софтвер за телефонски центри „Five9“ за 14,7 милијарди долари, како дел од досега најголемиот договор. Таа, исто така, ја купи „Kites“, компанија која помага при преводи на јазици во реално време.

„Zoom“ објави приходи од 1,04 долари по акција за вториот квартал со приходи од 1,02 милијарди долари. Двата показатели ги надминаа прогнозите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП