Понудата на Реал Мадрид за купување на Килијан Мбапе од Пари Сен-Жермен во летниот преоден рок е повлечена, откако францускиот клуб одби да преговара, покрај шпекулациите за кревање на понудата на 200 милиони евра, јавуваат француските медиуми.
По ваков крај на сагата која трае подолго време, Мбапе ќе остане во ПСЖ до крајот на неговиот договор следното лето. Францускиот клуб ќе се обиде да го убеди да потпише нов договор, додека Реал Мадрид веќе во јануари ќе можат да почнат да преговараат за личните услови пред слободниот трансфер на лето.

