13 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГринвуд е херој на неубедливиот Јунајтед – трет меч, трет гол за...

Гринвуд е херој на неубедливиот Јунајтед – трет меч, трет гол за тешка победа над Вулфс

Манчестер јунајтед беа неубедливи на „Молињу“, но си заминуваат од Вулверхемптон со важни три поени по 1:0 победата благодарение на фантастичниот Мејсон Гринвуд, откако талентот на Јунајтед го постигна својот трет гол во третиот меч во Премиерлигата.

Вулверхемптон доминираше на стартот на мечот, со многу шанси пред голот на Давид де Хеа, посебно по двете грешки на Фред во првите 10-тина минути. Во второто полувреме, само двете фантастични интервенции на Де Хеа го спасија голот на „ѓаволите“, пред Солскјер да ги внесе во игра Единсон Кавани и Антони Марсијал.

Клучниот момент дојде во 80. минута, кога дебитантот Рафаел Варан му даде топка на Мејсон Гринвуд на крило и тој со одличен удар го најде патот до голот на Вулфс. Голот, сепак, е контроверзен, бидејќи претходно Пол Погба го фаулираше Рубен Невеш, но судијата по прегледот на ВАР-снимката реши дека тоа не е доволно да го поништи голот.

Со оваа победа, Јунајтед имаат 7 поени во првите 3 меча од сезоната, и ја продолжуваат низата на неверојатни рекордни 28 гостински мечеви без пораз во Премиер лигата. Вулфс пак, имаат три порази во првите три меча и се на дното на лигата со Арсенал и Норич.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП