Во неверојатен пресврт од 24 часа, Манчестер јунајтед се пред комплетирање на спектакуларно враќање на Кристијано Роналдо на „Олд Трафорд“, откако клубот официјално пратил понуда до Јувентус од 28 милиони евра, а на Португалецот му подготви двегодишен договор.
Иако вчера беше сигурно дека Роналдо ќе заврши во лутите градски ривали Манчестер сити, по разговорот на Роналдо со својот стар тренер и „втор татко“, Сер Алекс Фергусон, бил убеден да не направи „предавство“.

