Шахтјор Доњецк успеа да ја продолжи „традицијата“ и да влезе во групната фаза на Лигата на шампионите, како последен 32. тим, откако во драматичен меч со продолженија одигра 2:2 против Монако, за да оди понатаму по 1:0 победата на гости во кнежевството.
Висам Бен Једер во Харков постигна два гола во 18. и 39. минута за да ја поништи предноста на Шахтјор, но редовниот учесник во групната фаза на ЛШ, намали на 1:2 преку Марлос во 76. минута од мечот. Во 114. минута од мечот, Шахтјор успеа да стигне до потребниот гол, откако Рубен Агилар си постигна автогол.

