Арсенал рутински го мина првото коло во Англискиот лига куп, победувајќи го второлигашот Вест Бромвич Албион со 5:0 на гости, за кревање на моралот по двата порази на стартот на Премиер лигата и притисокот кон менаџерот Микел Артета.
Присуството на капитенот Пјер-Емерик Обамејанг веднаш се покажа на теренот, откако тој постигна два гола во 17. и 45. минута, пред Никола Пепе во финишот на првото полувреме да зголеми на 0:3. Талентираниот Букајо Сака во 50. минута зголеми на 0:4, пред Обамејанг да го комплетира хет-трикот во 63. минута од мечот. Александер Лаказет зголеми на 0:6 во 79. минута.

