20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„LG“ направи пресвртница во развојот на 6G технологијата

„LG“ направи пресвртница во развојот на 6G технологијата

Иако 5G е значително побрз од „LTE“ технологијата што ја замени, многу земји во светот, сѐ уште чекаат воведување на 5G технологијата.

И покрај фактот дека оваа технологија е релативно нова, „LG“ веќе работи на следната генерација на 6G мобилна технологија за комуникација.

Иако многумина дури сега почнуваат да ги користат предностите на 5G паметните телефони и комуникациската технологија, „LG Electronics“ објави дека успешно го демонстрирала преносот и приемот на податоци од 6G терахерци на растојание од 100 метри.

Истражувачите на „LG“ успеаја да ги пренесат податоците на растојание од 100 метри во отворена средина со помош на компанијата „Fraunhofer-Gesellschaft“. Ова беше постигнато на 13-ти август, кога беа пренесени податоци помеѓу Институтот Фраунхофер Хајнрих Херц и Берлинскиот технолошки институт во Германија.

Постојат значителни пречки што треба да се надминат во развојот на 6G, кога станува збор за пренос на податоци на долги растојанија. „LG“ вели дека технологијата 6G -терахерц има краток опсег со значителна загуба на енергија при пренос и прием помеѓу антените. Ова губење на моќта ќе биде еден од најголемите предизвици во развојот на технологијата. Затоа, ќе треба да се работи на развивање на засилување на моќноста за да се генерира стабилен сигнал на ултра-широкопојасни фреквенции.

Засега, „LG“ создаде засилувач на енергија што генерира стабилен излезен сигнал до 15 dBm со фреквенција помеѓу 155 и 175 GHz. Истражувачите, исто така, демонстрираа адаптивна технологија за обликување на зрак кој може да ја смени насоката на сигналот при промена на положбата на каналот и приемникот. „LG“, исто така, разви способност да ја комбинира моќта на повеќе засилувачи за пренос на податоци до специфични антени.

Истражувачите во моментов очекуваат технологијата да биде глобално стандардизирана до 2025-та година и комерцијално достапна до 2029-та година. Како што направи 5G технологијата со „LTE“, така и 6G мрежите ќе поддржуваат значително побрзи безжични преноси и брзини на комуникација со мала латентност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП