4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕлмас со прекрасен гол за победа на Наполи, Верету му донесе три...

Елмас со прекрасен гол за победа на Наполи, Верету му донесе три поени на Мурињо(ВИДЕО)

Наполи и покрај тоа што поголем дел од мечот играше со 10 фудбалери, стигна до 2:0 победа над новиот прволигаш Венеција на отварањето на сезоната, откако македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас ја искористи шансата и ја потврди победата со убав гол, додека Жозе Мурињо ја започа новата италијанска авантура со тешка 3:1 победа на Рома над Фиорентина, во меч со два црвени картони и многу искри.

На „Диего Армандо Марадона“, Наполи уште во 23. минута остана со играч помалку, по непромислениот потег на нигерискиот напаѓач Виктор Осимен, а Елмас доби шанса да влезе во игра во 35. минута по повредата на Пјотр Зиелински.

Во 56. минута, Наполи имаа совршена шанса за водство, но Лоренцо Инсиње не успеа да го реализира пеналот, за само шест минути подоцна да биде досуден уште еден пенал, кој капитенот овојпат го реализираше. Елмас покажа што умее во 73. минута, кога по убавиот пробив на Чаки Лозано се најде на вистинско место и ја потврди победата на Наполи.

На „Олимпико“, пак, во меч со два црвени картони (за вкупно 7 црвени картони во некомплетното прво коло во Италија), Рома стигна до 3:1 победа над Фиорентина за победничко деби на Жозе Мурињо.

Хенрик Мхитарјан во 26. минута избегна офсајд стапица и по асистенција на Теми Абрахам ги донесе римјаните во водство, но Фиорентина израмни преку Никола Миленковиќ во 60. минута. Французинот Жордан Верету беше херојот на „волчицата“, откако само четири минути подоцна го врати водството, за во 79. минута да го постигне и својот втор гол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП