19 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПогледнете како изгледа коронавирусот во 3Д кој влегува во човечките клетки и...

Погледнете како изгледа коронавирусот во 3Д кој влегува во човечките клетки и што се прави таму(ВИДЕО)

Коронавирусот ги одбележа нашите животи во последните две години. Но, за повеќето луѓе, тоа е сепак нешто апстрактно, нешто што не можеме да го видиме.

Група истражувачи од Универзитетот Утрехт во Холандија и нивната работа (која се уште чека рецензија и одобрување за објавување во стручните списанија) може да го смени начинот на кој размислуваме за коронавирусот. Имено, благодарение на подобрувањата кои ги смислија и воведоа во техниката за набудување на нештата со микроскоп, наречена експанзивна микроскопија, тие беа во можност да видат (а потоа и да направат) многу детални 3Д фотографии кои покажуваат како вирусот САРС-КоВ-2 (кој предизвикува КОВИД -19) влегува во клетките на човечкиот респираторен систем и ги инфицира.

Нивното подобрување им овозможи објект кој е само 20 нанометри да го зголемат преку микроскоп десет пати, така што тие јасно можеа да видат 100 нанометри коронавирус.

Покрај фотографиите (и видеото што можете да го видите подолу, направено од New Scientist) кои се импресивни за гледање, овој начин на набудување може да им помогне на научниците да откријат како безбедно и ефикасно да го спречат вирусот САРС-КоВ-2 да влезе во човековото тело.

Имено, фотографиите покажуваат бројни начини на кои коронавирусот ги менува и деформира заразените клетки за време на неговото размножување. Така научниците открија дека коронавирусот, откако ја заразил клетката домаќин и се размножил до крајните граници, го „копа“ својот пат надвор од клетките користејќи го својот врвен протеин.

Како што е наведено од самите автори, нивниот пристап до наноскопија и наодите дадени во овој труд би можеле да помогнат да се откријат разликите помеѓу асимптоматски и пациенти кои развиле сериозна форма на болеста КОВИД -19, што може да доведе до нови откритија за тоа како напредува КОВИД -19 и помогне да се развијат нови лекови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП