18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„IKEA“ исто така почнува да продава обновлива енергија

„IKEA“ исто така почнува да продава обновлива енергија

„IKEA“, најголемата светска компанија за мебел, влегува на пазарот за обновлива енергија. Компанијата првично ќе продава енергија на домаќинствата само на својот домашен пазар во Шведска од септември.

„Ingka Group“, сопственикот на повеќето продавници на „IKEA“ низ целиот свет, рече дека домаќинствата ќе можат да купат прифатлива електрична енергија од соларните и ветерните фарми преку следење на неговата употреба преку мобилна апликација.

Партнерот на „Ingka“, компанијата „Svea Solar“, кој произведува соларни панели за „IKEA“, ќе ја купи енергијата од енергетската берза „Nord Pool“ и ќе ја препродава без дополнителни трошоци. Домаќинствата ќе плаќаат фиксна месечна претплата плус променлива доплата.

„IKEA“, која продава соларни панели на 11 пазари, вели дека потрошувачите ќе можат да ја следат енергијата што ја произведуваат со апликација и евентуално да го продадат вишокот.

Јонас Карлехед, шеф за одржливост во „IKEA“ Шведска, изјави дека се надева дека новата услуга, како и продажбата на соларни панели, ќе бидат достапни на сите пазари.

„Сакаме да ја направиме електричната енергија од одржливи извори подостапна за сите“, се вели во соопштението на компанијата.

„„IKEA“ сака да го изгради најголемото движење за обновлива енергија заедно со своите вработени, потрошувачите и партнерите ширум светот за да помогнат заедно во справувањето со климатските промени“, се вели во соопштението.

„IKEA“ сака да биде „климатски позитивна“ со намалување на емисиите на стакленички гасови за повеќе од целиот синџир на вредност на компанијата – од производство на суровини до третман на отфрлен мебел – до 2030-та година.

Според Карлхед, снабдувањето со обновлива енергија ќе придонесе за оваа цел и исто така е потенцијален нов извор на приходи.

„Тоа ќе придонесе индиректно (за постигнување на целта). Врската е таква што употребата на нашите производи од страна на нашите потрошувачи претставува околу 20% од вкупниот климатски отпечаток на „IKEA“ – од технологија, осветлување и електроника како звучници итн“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП