25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСеријата „Huawei Nova 9“ пристигнува следниот месец

Серијата „Huawei Nova 9“ пристигнува следниот месец

„Huawei“ ги претстави своите телефони „Nova 8“ и „Nova 8 Pro“ во декември минатата година, но се чини дека нема да ја чекаме серијата „Nova 9“ до тој период оваа година.

Според гласините од Кина, овие телефони ќе бидат официјализирани во одреден момент кон средината на септември.

„Nova 9“ уредите треба да имаат убав севкупен дизајн, како и подобар избор на бои во споредба со серијата „Honor 50“. Сепак, во споредба со „Honor 50“, „Nova 9“ нема да има толку добар процесор. „Honor 50“ користи „Snapdragon 778G“, додека „Nova 8“ и „8 Pro“ имаат чип „Kirin 985“.

Не е познато кој чипсет ќе го имплементира „Nova 9“, но не се очекува премногу од неговите перформанси. Од друга страна, линијата „Nova 9“ ќе има поддршка за 5G конекција.

Гласините од претходно сугерираа дека „Nova 9“ ќе биде комбинација од она што го видовме на серијата „P50“, моделите „Nova 8“ и телефоните „Mate 50“, кој сѐ уште не знаеме дали ќе биде пуштен во продажба поради американските санкции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП