2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСуарез се премисли, останува на Енфилд?

Суарез се премисли, останува на Енфилд?

luis-suarez

Напаѓачот на Ливерпул, Луис Суарез, кој во моментов е во Токио со националниот тим на својата земја, неочекувано го смени својот став во врска со изразената негова желба да го напушти клубот.

За тоа сведочат уругвајските медиуми кои излегоа со информацијата, според која Суарез изјавил дека останува на „Енфилд“. Таква вест пласираше весникот „Ел Обсервадор“, каде што е објавена изјавата на голгетерот на Ливерпул : „Засега, поради приврзаноста на луѓето кон мене, ќе останам”.

Веста за промената на ставот на Саурез доаѓа само недела по скандалозното обраќање на фудбалерот, во кое тој отворено најави дека сака да го напушти Ливерпул и да премине во клуб кој игра во Лигата на Шампионите, алудирајќи на тимот на Арсенал, кој до овој момент упати две понуди за него.

Суарез дури го обвини клубот дека не го исполниле договорот да го продадат во случај Ливерпул да не успее да се квалификува за учество во најкомерцијалниот фудбалски турнир. Тоа предизвика остра реакција во раководството на Ливерпул, откако менаџерот Брендон Роџерс ги толкуваше зборовите на Суарез, како „тотално непочитување“. За казна играчот беше испратен да тренира одделно од своите соиграчи, додека не го осмисли својот став и не се извини.

Сопственикот на Ливерпул Џон Хенри пак изјави дека Суарез нема да биде продаден по никаква цена. Во целата ситуација навивачите на Ливерпул не престанаа да покажат поддршка за Суарез.

Дали навистина токму нивната љубов е причина за оваа промена во одлуката, ако се верува на уругвајските медиуми? Или пак тој едноставно бил принуден да го прифати фактот дека клубот одбива да го продаде и тоа нема да се случи во текот на ова лето? Независно од одговорот, добрата вест за навивачите на Ливерпул е дека голгетерот на тимот ќе остане на “Енфилд” …. засега.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП