25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАВажна промена во „Facebook Messenger“

Важна промена во „Facebook Messenger“

Од најголемата социјална мрежа во светот „Facebook“ велат дека преку „Messenger“ секојдневно се остваруваат преку 150 милиони повици, и обични и видео повици.

Поради тоа компанијата одлучи да го обезбеди малку повеќе „Messenger“ и да им даде на луѓето подобра заштита додека зборуваат.

Воведена е нова опција – „end-to-end“ енкрипција за гласовните и видео повиците.

Ова не е автоматска промена, но корисниците ќе треба да го проверат во поставките, но не само тоа, и корисникот со кој разговарате, исто така, ќе треба да ја вклучи оваа опција.

Покрај„ Messenger“, „end-to-end“ енкрипција ќе се тестира и на „Instagram“, и сѐ ќе биде за разговори „еден на еден“.

Исто така пристигнаа и пораки што исчезнуваат, што ги имаат главно сите други апликации за преписка.

Можете да поставите колку долго пораката што ја испраќате ќе исчезне и можете да изберете помеѓу пет секунди и 24 часа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП