Отварањето на новата сезона во Премиер лигата беше вистински кошмар за Арсенал, откако „топчиите“ загубија со 2:0 на гостувањето кај Брентфорд, кои првпат играат во Премиер лигата, а исто така ја играат првата прволигашка сезона по 73 години.
Лошата вест за Арсенал дојде и пред стартот на мечот, кога менаџерот Микел Артета ги изостави од тимот Пјер-Емерик Обамејанг и Александер Лаказет откако двајцата се „разболеле“, иако играа на мечевите од пред-сезоната, и во нападот стартер беше младиот Фоларин Балогун, кој дебитира во Премиер лигата, покрај Никола Пепе, Емил Смит Роу и Габриел Мартинели.

