4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХејнкес одбил 24 милиони евра од ПСЖ

Хејнкес одбил 24 милиони евра од ПСЖ

pressekonferenzen112_v-gseagaleriexl

Поранешниот тренер на Баерн Минхен, Јуп Хејнкес одбил неверојатна понуда од раководството на ПСЖ. Според информациите на „Билд“, „светците“ му понудиле на Хејнкес 24 милиони евра по сезона, доколку потпише за тимот.

68-годишниот стратег, кој минатата година со Баерн направи историски подвиг, го одбил предлогот и изјавил дека му е време за пензија. Доколку ја прифатеше оваа понуда Хејнкес ќе станеше најплатениот тренер во историјата!

За споредба минатата сезона Жозе Мурињо заработи 14 милиони евра во својот поранешен клуб Реал Мадрид, а пак новиот тренер на „кралевите“, Карло Анчелоти заработил 12 милиони евра во ПСЖ, дополнува весникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП